Договорот за името кој Грција го ратификува во парламентот има за цел да го стабилизира Балканот, но предизвика поделба на грчкото општетство и на политичката сцена, пишува во анализа денешен „Вол стрит џурнал“.

Весникот потсетува дека речиси 70 проценти од Грците не го прифаќаат Преспанскиот договор и тоа е потврдено во неколку анкети.

Името Северна Македонија разбуди силни чувства кај Грците, пишува „ВСЏ“.

Во анализата се предвидува дека Договорот че игра голема улога на наредните избори,м за кои весникот смета дека е многу веројатнодека ќе се одржат во мај, за кога се планирани и европските избори. Притоа се потсетува дека опозцијата во сите анкети води меѓу 8 и 12 проценти.