Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од ВМРО на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов се надмина себеси во видеоконференцијата на неговиот Фејсбук-профил на тема „Геополитика и транспортни коридори на Балканот“.
„Се обраќам кон сите наши неосознаени браќа во Македонија и кон тие што се со измиени мозоци, просрпски настроените и кон тие што мислат дека се потомци на Александар
Македонски. Не сте. Александар Македонски е Грк. Сите вие имате бугарско потекло. Но, не берете гајле. Бидете спокојни, сè ќе биде в ред. Ние не сме непријатели. Знаеме дека
дел од вас се плашат, знаеме дека дел од вас се српски слуги, но сè ќе си дојде со време.
Македонија ќе биде дел од Бугарија, ќе биде дел од Европската унија. Македонија е
бугарска, вие го знаете тоа. Вие го знаете јазикот на кој зборувам и знаете дека тоа е
истиот јазик. Ниту грчкиот е истиот, ниту српскиот, тоа добро го знаете, а добро знаете и
дека албанскиот исто така не е истиот. Добро знаете дека Албанците ви дишат во вратот.
Така што, браќа, успокојте се, размислете внимателно. Вие сте добри Бугари, но сè уште
не сте осознаени. Треба да помине малку време. Немајте гајле. Со кроце, со и со малце ќотек, сè ќе си дојде на место!
Comments are closed for this post.