Српската министерка за сообраќај, градежништво и инфраструктура Зорана Михајловиќ денеска најави дека и покрај проблемите на градилиштето, до крајот на годината сепак ќе биде пуштена во сообраќај делницата од автопатот кон Македонија низ Грделичката Клисура.
Коридорот 10 ќе биде готов до крајот на годината и покрај тоа што на одделни делови постојат одредени проблеми, но се работи деноноќно и верувам дека ќе постигнеме до крајот на годината, изјави Михајловиќ за РТС, додавајќи дека српските граѓани ќе можат да се возат по новите автопатишта кон Македонија и Бугарија.
Таа потврди дека градежните проблеми на такви градилишта се вообичаени.
Тоа не се невообичаени работи, но ние сме отворена Влада и укажавме на проблемот, изјави Михајловиќ, посочувајќи на проблемите со одрон на потпорниот зид на делницата во Грделичка клисура.
Министерката најави и дополнување на кривичните пријави против одговорните за лошо изведените работи на веќе завршената делница Уб-Лајковац на Коридорот 11 и истакна дека Владата на Србија сега повторно ја гради оваа делница “практично од самиот почеток”.
Ќе треба да одговораат сите оние кои носеле одлуки и одобрувале да се поставува глина и кал, но ова е работа за обвинителството, изјави Михајлова.
Comments are closed for this post.