Српскиот парламент во 2019 година ги усвои измените на Кривичниот законик со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и се воведува доживотен затвор за најтешките кривични дела.

Доживотна казна е предвидена за тешко убиство, силување, напад на малолетно дете, трудница и изнемоштено лице, што е во согласност со предлогот на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ за која е одговорен нејзиниот татко Игор.

Доживотниот затвор е проширен и на сите други кривични дела за кои според сегашниот закон е предвидена казна од 30 до 40 години.

Според овој закон наречен „законот на Тијана“ полицијата повеќе не чека да поминат 24 часа, туку веднаш по пријавувањето на исчезнувањето почнува да бара исчезнато дете. Пред донесувањето на законот, во практиката на полициската работа тој период изнесуваше меѓу 24 и 48 часа