Откако бугарските медиуми ја објавија информацијата за поведената истрага на каталонската полиција во која во центарот на вниманието се најде премиерот Бојко Борисов, во Бугарија на големо се врти видео на кое се презентираат документи за целата афера.
Но, главната ролја во него и припаѓа на манекенката Борислава Јовчева, која се јавува како сопственик на стан во Барселона.
Бугарската опозиција наведува три лица, кои наводно претставуваат директна врска со премиерот Борисов. Првото лице е Иван Саздов, управител на тениски клуб и претседател на иницијативниот одбор, кој ја поднел кандидатурата за градоначалник на Софија на Борисов во 2005 година. Потоа, Радослав Иванов, братучед на Борисов, кој моментно е сопственик на бившиот бизнис на бугарскиот премиер, вклучувајќи ја и фирмата „Ипон“. И конечно, Јордан Христов, управител на „Спортски имоти Приморско“.
Comments are closed for this post.