На целото подрачје на Јадранот во Хрватска денеска „гори“ црвен метеоаларм, при што ветарот корне дрва, почнале и поплави а најлошото допрва доаѓа затоа што и за денеска се прогнозира обилен дожд кој ќе предизвика поплави.
Поради невремето, катамараните и фериботите не сообраќаат а островите од вчера се отсечени.
Вчера дојде најавеното влошување на времето, со дожд кој во поголемиот дел од Хрватска бил обилен, а на некои места предизвикал и поплави, јавуваат хрватските медиуми.
Проблеми има и во Сплит – Далмација денеска јавува дека на сплитската ривиера морето почнало да префрлува преку пониските делови од брегот, а на некои места се доближило само на неколку метри од Диклецијановата палата.
По обилни поплави, со оглед на најавеното невреме на крајот од денот, се очекува во Истра, на риеканското подрачје, во далматинскиот залив и на југот на Хрватска.
Ветер и врнежи од дожд ќе има и во вторник а смирување на времето се очекува од среда.
Comments are closed for this post.