Во Црна Гора во моментов одмараат 143 илјади туристи што е за 40 отсто повеќе отколку минатата година, изјави црногорскиот министер за туризам Павле Радуловиќ. До крајот на годината Црна Гора ќе ја посетат близу 2 и пол милиони туристи, тврди министерот и наведува дека оваа година приходите ќе надминат една милијарда евра.
Досега преку седум милиони евра се остварени од наплата на такса за престој, изјави министерот за Радио Црна Гора.
Преку 50 отсто од хотелите во земјата се со категорија 4 или 5 ѕвезди, а тоа е, како што нагласува ресорниот министер, доказ за унапредување на туристичката понуда.
Радуловиќ наведува дека во Црна Гора се повеќе туристи пристигнуваат од западноевропските и скандинавските земји, а се бележи пораст и кај гостите од далечните дестинации.
Галамата, комуналната неуредност и сообраќајните гужви за време на шицот на сезоната се најзначајни недостатоци од туристичката понуда. Недостатокот на квалификувана работна сила, смета Радуловиќ, ќе се надмине во оној момент кога сезоната во Црна Гора ќе трае сите 12 месеци.
Comments are closed for this post.