Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија е во водство од 6,9 проценти пред владејачката СИРИЗА, според новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата за рејтинг Алко за грчката телевизија „Опен” во однос на евроизборите на 26 мај, јави дописничката на МИА од Атина.
Според анкетата за Нова демократија се изјасниле 23,6 отсто од испитаниците, за СИРИЗА 17,5 проценти, а на трето место и понатаму е Златна зора со 6,2 отсто, а потоа следат Движење на промена – пет проценти и за Комунистичката партија на Грција се изјасниле 4,7 отсто.
На прашањето кој ќе биде победник на евроизборите, 58 проценти од испитаниците оцениле дека тоа ќе биде Нова демократија. Од нив, 34 отсто процениле дека победата ќе биде со мала разлика, а 24 проценти со голема разлика. Победа на СИРИЗА предвидуваат 13 отсто од анкетираните, од кои само еден процент изјавиле дека победата ќе биде со голема разлика. Додека 29 проценти истакнале не знаат или одбиле да одговорат.
Позициите на партиите за економијата е главниот критериум за половина од испитаниците (50 отсто) во однос на нивниот глас на евроизборите. Додека 18 отсто навеле дека критериумот е уривање на Владата, 11 проценти се изјасниле за позициите на партиите во однос на ЕУ, додека за шест отсто поддршка на Владата, а 15 проценти не одговориле.
На прашањето кој може да постигне повеќе со европските партнери на Грција, 30 отсто од испитаниците го одбрале Кирјакос Мицоткис, 22 проценти актуелниот премиер Алексис Ципрас, а 41 отсто не одбрале ниту еден од двајцата.
Шест од 10 Грци (62 проценти) сметаат дека резултатите од евроизборите ќе го одредат и резултатот на националните избори, а 71 отсто одговориле негативно на прашањето дали сметаат дека Грција оди кон закрепнување
Comments are closed for this post.