Турција до 2023 година ќе изгради нови 193 затвори, во годината кога се предвидени парламентарни избори, објави „Хуријет“.

Според весникот, до декември 2018 во Турција имало 389 затвори со капацитет за 211.838 затвореници, се повикува „Хуријет“ на информација од Генералниот директорат за затворски институции.

Во моментот затворската популација во Турција е за 40.000 лица поголема отколку што е капацитетот на затворите. Рекордно зголемување на затворениците од 161 проценти е забележано во периодот 2006-2016 година, но најмногу по неуспешниот државен удар во јули 2016.

Турција ја има третата најголемата затворска популација во Европа споредено по број на жители – зад Русија и Белорусија.