Вечерва владата на Алексис Ципрас ќе ги добие потребните 151 глас во парламентот, но тоа нема да се случи при гласањето за Преспанскиот договор, е пораката од малата партија од која зависи политичката иднина на грчкиот премиер, но и на договорот за името.
Потами (Река) порача дека „можеби ќе најдете еден глас вечерва за доверба, но нема да соберете 151 за Преспанскиот договор“.
И што сега? Како Атина ќе се справи со една ваква аритметика?
„То вима“ анализира и вакво можно сценарио, кое најверојатно земјата ќе ја одведе во предвремени избори, но, користејќи „дупки во системот“, Преспанскиот договор ќе помине и со помалку од 151 пратеник, кои би гласале „за“ од вкупно 300 пратеници.
Потами уште се крши околу тоа како ќе се изјасни за Договорот, но во моментов преовладува опцијата тие да бидат неутрални, односно да се воздржат од гласање. Но, по се изгледа тоа ќе се однесува само за два-три пратеници, додека другите ќе го следат партискиот шеф Теодоракис и ќе гласаат против, затоа што „како што поминува времето, така сфаќаат дека Преспанскиот договор е лош“.
„То вима“ тврди дека сега во парламентот Ципрас може да смета на поддршка од 149 пратеници – 145 негови, од Сириза и другите четворица другите партии. Значи, ќе му фалат два гласа, и сега е тешко да се предвиди каков ќе биде конечниот исход наредната недела, кога најверојатно Преспанскиот ќе се стави на дневен ред, зашто постои голема партиска недисциплина во неколку партии, особено во Потами.
На Ципрас му се неопходни 151 глас за одлуката да има легитимитет, но сега постои и сценарио дека Преспанскиот може да се протурка и со 149 гласа – 145 од Сириза и плус 4 од други партии. Не се знае точно кој каде ќе се позиционира, зашто владее голема партиска недисциплина и тензија кај дел од парламентарните партии. Ова особено се однесува за Потами.
Најверојатно неколкуменина ќе пастинираат од гласањето, па така пресметката же се прави – мнозинство од 297 пратеници, што ќе рече 149 пратеници треба да се изјаснат „за“, за Преспанскиот договор да се ратификува.
Дали ова ќе биде потребниот легитимитет ќе биде повеќе прашање за кулоарски дебати, зашто, како што истакнуваат грчките медиуми, Грција е под силен притисок на САД и на ЕУ, пред се од Ангела Меркел, Договорот да помине во парламентот.
Сепак, вечерва кога ќе се гласа за доверба на владата на Алесис Ципрас, ќе се знае и дали грчкиот премиер ги собрал „потребните мнозински гравчиња“, како што неодамна самоуверено тврдеше.
Comments are closed for this post.