По „торпедата“ истрелани од македонскиот премиер Зоран Заев, како што објавува „Ефимерида“, во владата на Алексис Ципрас се пуштени компјутери и се пресметува секој глас – дали ќе се обезбедат 151 пратеник за Преспанскиот договор?
Прашањето е актуелно особено по потресите што ги предизвика Заев со изјавата дека со Преспанскиот договор се отвора можност да се изучува македонскиот јазик во грчките школи.
Но, сега своја политика игра почнува и опозициската Нова демократија, а како што изјави портпаролката Марија Спираки, „сите парламентарни оружја се во игра“, а едно од нив е гласање за доверба на Владата. Но, не треба да се исклучи и игра зад завесата, односно да се обезбедат пратеници од други партии кои не би дале поддршка на договорот. Межу нов се спомнуваат Потами на Ставрор Теодоракис и АНЕЛ на Панос Каменос.
Каменос дури за утре најави дека ја свикал својата парламентарна група за да ги „измери последните изјави и факти“ со Преспанскиот договор.
Од друга страна, Ципрас и соочен и со домашни проблеми, кои по пожарот во Атика летово само се зголемуваат. Последни во низата се негодувањата на студентите, кои бараат итна средба со премиерот.
Анкетите покажуваат дека политиките на Ципрас се поддржани од само 23 проценти од гласачите, додека 68 се против, додека лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, кој има двојно поголема популарност.
Comments are closed for this post.