Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара гласање за доверба на владата во грчкиот парламент по денешната одлука на Панос Каменос и неговите „Независни Грци“ да се повлечат од Владата.
„Ја прифатив оставката на Панос Каменос. Ако има уште оставки ќе ја прифатам и секоја друга оставка од редовите на Независни Грци. Пред нас имаме многу важни предизвици и затоа од претседателот на Парламентот побарав да одиме на гласање на доверба на Влада со цел да се продолжи со апсолутно мнозинство. Нов министер за одбрана ќе биде началникот на Генералштабот, Евангелос Апостолакис“, изјави Ципрас по средбата со Каменос.
Седницата за гласање доверба би можеела да биде закажана за вторник и ќе трае до четврток на полноќ со гласање, јавуваат грчки медиуми.
Денешната средба на двајцата коалициони партнери траеше околу половина час.
Comments are closed for this post.