Грција има еден од најчудните изборни системи во регионотЗа парламентарните избори, Грција е поделена во 59 изборни единици, во кои што се одбираат 288 од 300те пратеници колку што брои грчкиот Парламент. Останатите 12 се на листа која важи за целата земја.

Денешните избори се и последни на кои партијата победник ќе добие бонус 50 пратенички места, бидејќи согласно промените во изборниот законик изгласан на 22 јули 2016 во Грција се воведува пропорционален модел и се укинува бонусот за првата партија.

Изгласаните промени, тогаш не го добија потребното двотретинско мнозинство од Парламентот, па така ќе стапат во сила на вторите избори по нивното усвојување, односно не на овие, туку на следните избори, кога и да се одржат.

Вкупно 20 партии учествуваат во трката, а една партија за да влезе во грчкиот Парламент потребно е да добие минимум 3% од гласовите. Во зависност од тоа колку мали партии ќе обезбедат место, така и се распределува бројот на пратеници. Односно, помалку партии повеќе пратенички места за победникот и обратно