Лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, кој се наоѓа во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“, поради компликации предизвикани од пневмонија, конечно се чувствува подобро, пишува Блиц.ср.

На социјалните мрежи се појави фотографија од Чедомир Јовановиќ од болничкиот кревет.

Лекарите успеале да ја пронајдат дијагнозата по еднонеделен преглед, а Јовановиќ одговорил на терапијата.

Сопругата на лидерот на ЛДП, Јелена Јовановиќ, пред неколку дена изјави дека конечната дијагноза е утврдена по неколкудневни многу темелни анализи и тестови, дека имало многу сомнежи, кои биле отстранети.

Лекарите дијагностицираа воспаление на левото белодробно крило, микроемболизам на обете бели дробови, плеврит, дисфункција на дијафрагмата и по неколку дена детални прегледи беше заклучено дека тој има спондилодисцитис, воспаление на нервите на торакалниот ‘рбет, што веројатно ја предизвикало болката што ја претрпел. Коктелот со антибиотици делува, параметрите се конечно подобри. Поради соработката на лекарите од Торакалната хирургија на КБЦ на Србија, Неврологијата на КБЦС и Драгиша Мишовиќ, дојдовме до позитивни резултати и по седум дена борба конечно можеме да бидеме задоволни во оваа тешка борба што трае со месеци, рече Јовановиќ.

Фото Блиц.ср