Во Србија нов тренд за брза заработка стана пронаоѓањето на печурките тартуфи. Овие бели печурки на западниот пазар достигнуваат и до 4.000 евра. Затоа се поголем број Срби, познавачи на планините набавуваат кучиња трагачи кои можат под земја да ги намирисаат овие печурки.

За оваа цел се користи кучето од сортата Лабрадор ретривер. Но и тие имаа своја цена. Доколу сакате да набавите веќе обучено куче тоа ќе ве чини 1000 евра а за неколку стотини може да изнајмите дресер да го обучи да бара тартуфи на Фрушка гора или пак долж реките Сава Дунав и Морава.