Убедлива победа на Кирјакос Мицотакис. Се остварија првичните прогнози.Такви се реакциите во Грција по денешните парламентарни избори.

„Нова Демократија“ ќе освои меѓу 155 и 170 пратенички места, Сириза околу 100 во Парламентот кој брои 300 пратеници. Со тоа Мицотакис ќе може сам да формира влада иако е повеќе веројатно да земе некој коалициски партнер.

Ова е најубедливата победа на една партија на изборите во Грција од 1981 година.Ципрас веќе му честиташе на победникот а утре треба да положи и свечена заклетва.