Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на утрешното отворање на јужниот крак на автопатот на Коридор 10 низ Србија ќе присуствува и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.
Милам дека пристигнувањето на Заев е важна вест и го покажува значењето на Коридорот 10, истакна Вучиќ во утринската програма на РТС, додавајќи дека од Белград до Северна Македонија сега ќе се стигнува за три часа.
Тој потсети дека на делницата на автопатот преку Грделичка клисура од 26,3 километри, претходеше отворањето на делницата од Грабовница до Грделица од 5,6 километри, потоа Владичин Хан – Врање од 28 километри, Левосоје – Српска куќа од 10 километри.
Тоа беа најтешки делници. Тоа сега изгледа величенствено, но кога работите вредно и посветено, резултатите се евидентни, нагласи Вучиќ.
Comments are closed for this post.