Цеца Ражнатовиќ денеска го одржа својот концерт во сверниот дел на Косовска Митровица за да има даде поддршка на тамошните Срби.

Под досега невидено обезбедување и под будното око на КФОР, најголемата балканска ѕвезда барем за момент им го разубави денот на Србите кои преживуваат тешки моменти.

Цеца настапот го започна со песната „Воздухот кој го дишам“, симболично да покаже дека сочуствува со нивните страдања.

Таа по концертот изјави дека најмногу е загрижена за децата кои заслужуваат да имаат безгрижно детство и повика Србите на Косово да се заштитат.