Миг 29 на бугарските воени воздухопловни сили, синиќа паднал во Црно Море за време на ноќни вежби. Инцидентот се случил на отворено море, а во тек е потрага по пилотот и авионот, јавуваат бугарските медиуми.

При изведување на вежбовни активности над морската територија на Република Бугарија, авион Миг-29 од составот на бугарските воени воздушни сили изгубил радиоврска и во 00:45 часот исчезнал од радарите, соопшти Министерството за одбрана.

Веднаш е започната операција за барање и спасување, што трае и во моментов. Во неа учествуваат сили и средства на Военопоморските сили, Заедничката команда за специјални операции, Пограничната полиција и Воените воздушни сили. Околу 10 часот е пронајден спасувачкиот елек на пилотот.

Премиерот Стефан Јанев, министерот за одбрана Георги Панајотов и началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов се на пат кон реонот каде се случил инцидентот. Тактичката вежба со борбено пукање „Шабла 21“ е прекината, а одложена е и денешната седница на Владата.

Авионот и припаѓал на последната советска серија, што на Бугарија и била доставена кон крајот на 80-тите години, но т.н. „ресурс за употреба“ истекувал во 2030 година. Леталото било од составот на базата „Гроф Игнатиево“.