Бугарската Влада одобри план за почеток на преговори за купување борбени авиони „Ф-16“ од САД, за да ја замени својата флота руски ловци „Миг-29“, изјави министерот за одбрана Красимир Каракачанов.
Владата му предложи на Парламентот да и дозволи да почне преговори со САД со цел набавка на нови воени авиони, рече Каракачанов.
Министерството претходно соопшти дека на Америка не и се потребни нови дозволи и договори за да и достави авиони на Бугарија, со соодветни одобренија и вооружување, што не беше случај со понудите од Шведска и Италија.
Белата куќа вчера соопшти дека американската Влада е подготвена да работи со бугарската Влада за постигнување договор кој ќе биде во согласност со бугарскиот буџет и оперативните барања.
Comments are closed for this post.