Преговарачката платформа на Приштина, без сомнение е третиот и последен удар врз дијалогот, тоа е документ против каков било компромис и дијалог, спротивен на здравиот разум, а реакцијата на Србија ќе биде одмерена и во интерес на нашите граѓани, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Брнабиќ најави дека по новонастаната ситуација со донесувањето на платформата во Приштина, најтесниот државен врв ќе разговара в недела со патријархот Иринеј и Синодот на Српската православна црква.
Како што најави Брнабиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе излезе со повеќе информации за јавноста.
Генералниот секретар на претседателот на Србија, Никола Селаковиќ утринава на РТС изјави дека одговорот на претседателот Вучиќ на преговарачката платформа на Приштина ќе биде рационален, сериозен, одговорен и цврст.
На седницата на Советот за национална безбедност со која председаваше претседателот Александар Вучиќ присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ, шефот на БИА Братислав Гашиќ, вицепремеирот и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, началникот на Генералштабот генерал-потполковник Милан Мојсиловиќ, директорот на полицијата Владимир Ребиќ и други.
Comments are closed for this post.