Српската премиерка Ана Брнабиќ соопшти дека во име на Владата поднесе формално барање до Секретаријатот на ЦЕФТА за директни консултации во рамките на заедничкиот комитет во врска со зголемувањето на таксите од страна на Косово.
Тие од утре, од примање на барањето, имаат рок од 90 календарски дена во директните консултации да го решат проблемот што Приштина го направи со директното и недвосмислено кршење на договорот, изјави Брнабиќ.
Таа најави дека доколку во следните 90 дена не се покренат заедничките консултации или не се реши проблемот, Србија во согласност со одредбите од ЦЕФТА ќе поведе постапка пред Арбитражниот суд.
Покрај до Секретаријатот на ЦЕФТА, барањето е испратено и до Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), како потписник на договорот за територијата на Косово и до генералниот секретар на ОН.
Брнабиќ истакна дека Србија нема да наседнува на провокации и нема да воведе контрамерки и ќе продолжи да соработува со партнерите во регионот, пред се со БиХ, кон која Приштина ги воведе истите мерки.
Comments are closed for this post.