Британскиот експерт за Балканот, Фил Батлер во својата најнова анализа тврди дека доколку поранешна Југославија не се распаднела ќе беше светска сила.Тој е убеден дека Западот ја уништи земјата и оти тогашните републики, а денес независни држави ќе беа економски моќни.

Југославија се рападна поради мешањето на Западот на кој не му одговараше да има силна земја во срцето на Европа. Исто така, Југославија не би се распаднала никогаш да југословенските народи во себе не го носеа тоа семе на распадот, да не беа плодно тло за пропаст-стои во анализата.

Во анализата се наведува дека Југословените уживале во бесплатни станови и евтин јавен превоз и комуналии. На земјата не смеело да и се дозволи да се натпреварува со Германија, Франција и Британија и оти банкарите не можеле од една социјалистичка земја да извлекуваат милијарди и оти морале да ја закопаат.