Бугарскиот премиер Бојко Борисов му честиташе на македонскиот колега победа на изборите на вчерашните внетрепартиски избори.
На својот Фејсбук профил, бугарскиот премиер денес објави дека разговарал по телефон со неговиот колега Зоран Заев.
-Му честитав за изборот за претседател на неговата партија и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се согласивме за заклучокот дека одлуките што двете земји треба да ги имаат во духот на Договорот за добрососедство и Пријателство не треба да се одлагаат, како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина, напиша Бојко Борисов.
Comments are closed for this post.