Бугарскиот премиер Бојко Борисов на на утринската средба на ЕНП го предложил хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за претседател на Европската комисија, јавуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на Еуроактив.
Лидерите на државите-членки на ЕУ денеска одново заседаваат во Брисел за да постигнат договор околу највисоките функции во институциите на Унијата во наредните пет години.
При пристигнувањето на заседанието Борисов изразил надеж дека денеска може да биде постигнат договор и лидерите да успеат да најдат начин за обединување. Запрашан за евентауланата кандидатура на францускиот политичар Мишел Барние за шеф на Еврокомисијата, Борисов изјави:
Не сум слушнал неговото име да се споменува последниве денови во т.н консултации. На средбата на Европската народна партија утринава го предложив Пленковиќ за претседател на Комисијата, изјавил Борисов.
Comments are closed for this post.