Бојко Ноев, поранешен бугарски министер: Бугарија треба да побара од Македонија на пописот да има графа „Бугари“

18.02.2021 / 14:24


Поранешниот бугарски министер, Бојко Ноев, вели дека Бугарија треба да побара од Македонија на пописот да има графа „Бугари“, ако веќе има и за другите, пренесува „Дојче Веле“.

Давам пример – клучно прашање во контекст на правата на Бугарите во Македонија: претстои попис. Поставила ли Бугарија некакви прашања во врска со тоа пребројување? Прашалниците, според законот, ќе бидат на седум јазици: на македонски, таканаречен, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански. Нема бугарски. Што значи тоа? Дека македонскиот всушност е бугарски, или дека е дискриминиран голем дел од населението, од народот на Република Cеверна Македонија? Јас го мислам второто. За разлика од некои бугарски политичари, јас не сметам дека сите Македонци се Бугари. По прашањето за идентитетот сум категоричен дека има македонски идентитет кој е создаден во последните десетлетија, дека има луѓе кои говорат на јазик што тие сакаат да си го нарекуваат македонски – и во тоа нема никаков проблем. Јас сум категорично против, кога на Бугарите во Република Cеверна Македонија им се забранува да се изјаснат како Бугари, па се репресирани тие, и нивните деца. Бугарија треба категорично да и го постави прашањето на Република Cеверна Македонија: Ние сакаме Бугарите во Македонија да бидат пребројани. И не само да бидат пребројани, туку да не бидат дискриминирани, ако има графа за другите, сакаме да има и графа „Бугари“, вели Ноев.

Потенцира дека Бугарија сака Бугарите во Македонија да бидат рамноправни и дека тоа е меѓународна норма, која е заведена во сите документи на ЕУ. Според него, без тоа – не постои начин да се продолжи.

И бидејќи за историјата ќе биде потребно време, ќе треба време да се расчистат учебниците, така што правата на Бугарите во Cеверна Македонија ќе бидат дел од преговарачкиот процес, вели Ноев, додавајќи дека „некои европски пријатели не сакаат тоа да се случи”.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Кои се сиптомите на мозочен удар: Нејасен говор, замаглен вид, трнење на раце и нозе

пред 2 недели
Регион

Српскиот министер Глишиќ е интубиран, продолжува борбата на лекарите за животот

пред 2 недели
Регион

Орбан: Унгарија ќе одржува сојуз со Македонија и балканските земји за да ги запре мигрантите и да го внесе регионот во ЕУ

пред 2 недели
Регион

Вучиќ: Додик нема да биде уапсен во Србија

пред 2 недели
Регион

Внимавајте: Во Грција 17 случаи на вирусот Западен Нил

пред 2 недели
Регион

Внимавајте: Украдените возила во Грција се користат за транспорт на мигранти

пред 3 недели
Регион

Мицкоски во Пустец: Ние не сме Грци,Бугари нит Срби

пред 3 недели
Регион

Хаос во Грција – нема вода во Пефкохори, Паљури и Полихроно, нема струја во Калитеа

пред 3 недели
Регион

Сте пробале ли ф’стаци од островот Егина?

пред 3 недели
Регион

Пријателот на Заев и Пендаровски јавно се пофали дека го изработил предлогот за бришење на македонскиот јазик во резолуцијата на ЕП

пред 3 недели