Атентаторот Стефан Ѓукиќ кој имаше за задача да го ликвидира водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер има богато криминално досије. Тој не припаѓа ни на Шкаљарскиот ниту на Kавачкиот клан туку важи за убиец по потреба.
За него е важно дека менувањето на идентитетот не му е прв пат.Вистинското име му е Стефан Мандиќ.Потоа го менува презимето во Ѓукиќ а откако македонското МВР му дава наш пасош со украден идентитет станува Каче Герги.
Мандиќ е моментално е во бегство за планирање на ликвидација на групата блиска до Лука Бојовиќ кој е уапсен за шверц на неколку тони кокаин во Шпанија.
Стефан минатата година се обиде да го убие водачот на Кавачкиот клан Радоје Звизер во Украина. Тој со уште неколкумина дошол пред комплексот каде што живее Звицер и пукале додека тој џогирал. Но, тогаш притрчала неговата сопруга Тамара која го спасила сопругот кој преживеа со тешки повреди.
Comments are closed for this post.