Босна и Херцеговина мора сериозно да се вооружи затоа што во спротивно ќе биде слаба, а со тоа и лесен плен, смета претседателот на Партијата за демократска акција и претседател во заминување на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.

Зборувајќи на одбележувањето на 26 годишнината од основоњето на Седмата муслиманска бригада, Изетбеговиќ наведе дека денес е сведок на единството на Србите и Хрватите, за разлика од Бошњаците коишто дополнително се раздвојуваат.

Сиромашните соседи, Србија и Хрватска трошат пари на скапо оружје. Погледнете ги тие ракетни системи и авиони во Србија и во Хрватска и затоа ние мораме да држиме баланс во таа ситуација. Ако бидеме слаби, ако проценат дека сме слаби, ќе им бидеме лесен плен – изјави Изетбеговиќ.

Според него, шансата на БиХ е во самостојно наменско производство.

Деновиве ја завршуваме пушката, наскоро ќе почнеме со производство на хаубици и дронови. Изработуваме секаков вид муниција, повеќецевни фрлачи. Кога реков дека ќе го засилуваме наменското производство за комерцијални потреби и пазар, но и за „не дај Боже“, во Белград веднаш се загрижија – истакна Изетбеговиќ.

Во својот говор, тој повика на обединување на патриотите за да не се повтори 1992 година.

Србите се обединуваат преку Белгард и црквата, Хрватите преку ХНС, а само Бошњацитезборуваат за дополнително разединување. Јас повтоно повикувам тоа да не се прави и да создадеме пробосански блок којшто ќе ги држи тие сили под контрола – изјави Изетбеговиќ.