Еврокомесарот Јоханес Хан денеска доаѓа на Косово и ќе разговара сo Хашим Тачи, Кадри Весели, Рамуш Харадинај и опозициските лидери, а една од најжешките теми ќе биде таксата на српските производи, одлука на која ЕУ жестоко се спротистави.

Ова е главната тема за која пишуваат медиумите во Приштина, па дури и жестоко го напаѓаат еврокомесарот. Приштинскиот портал „Indexoline“ оди дури дотаму и го нарекува „расист“.

Во фокусот на разговорите кои ќе се водат денеска во Косово е барањето на ЕУ да се тргнат таксите од 100 отсто на производите кои доаѓаат од Србија и Босна и Херцеговина, потсетува порталот на почетокот на текстот, апотоа констатира дека е чудно како малото Косово гетоизирано од ЕУ може нешто да направи.

Вие комесаре Хан повеќе личите на генерал на мртва војска, од истоимениот роман на познатиот писател Исмали Кадаре. има многу причини зошто е тоа така: Прво доаѓате од заедничка држава која нема војска, второ вие сте лицемерен како генералот ма Кадаре, затоа што не верувате во народот на косово. Го излажавте, зборувате невистини за да ги исполните сопствените цели и желбите на шефицата на европската дипломатија, федерика Могерини. Трето, вашето доаѓање на Косово е бесмислено, бидејќи не ја завршивте работата. Пет земји, членки на ЕУ се уште не го признале Косово како независна и суверена држава, пишува порталот.