Во Белград течат последните подготовки пред посетата на рускиот претседател, Владимир Путин, закажана за в четврток. Во рамки на напорите се да биде подготвено на ниво за доаѓањето на Путин, во Белград, практично на секој агол се виорат српски и руски знамиња.
Путин ќе биде пречекан и со огромно пано поставено на една станбена зграда во близина на белграската „Ареа“, на која се прикажани вкрстени знамиња на двете земји.
За знамињата да дојдат во израз, од белградските улици се тргнати и новогодишните украси, а пред храмот на Свети Сава, поставена е и бина како и ЛЕД екрани. Работници ги средуваат оштетените плочи на платото кај црквата и по оолните пеачки патеки, се собира лисјето, а има и забележително големо присуство на српската полиција и жандармерија.
Според официјалната програма, српскиот претседател Александар Вучиќ, лично ќе го пречека Путин на аеродромот „Никола Тесла“, а по првичниот поздрав, двајцата ќе се упатат кон Гробиштата на ослободителите на Белград, каде што ќе положат венци.
Потоа, за Путин ќе биде приреден и свечен дочек пред Палатат Србија, по што ќе следува и состанок на двата претседатела во стеснет формат, односно од српска страна ќе учествуваат само уште премиерката, Ана Брнабиќ и потпретседателите на владата, Ивица Дачиќ и Небојша Стефановиќ.
По овој состанок, ќе има и состанок во поширок состав, но и тет-а-тет средба на Вучиќ и Путин.
Comments are closed for this post.