Со сигурност може да се каже дека вчерашниот вооружен инцидент во центарот на Виена, при што загина едно лице, а друго беше повредено, претставува пресметка на балканската мафија, соопшти денеска австриската полиција.
– Во оваа фаза од истрагата се укажува дека инцидентот е поврзан со организираниот криминал од Западниот Балкан, изјави неименуван претставник на полицијата.
Инцидентот се случи пред ресторанот „Фигелмулер” во центарот на Виена, кога вооружен маж отворен оган врз три лица кои излегувале од објектот. При нападот беа ранети два лица на возраст од 23 и 32 години, од кои едниот подоцна в болница им подлегнал на здобиените повреди.
Полицијата се уште трага по напаѓачот, кој според очевицди, трчајќи избегал од местото на настанот. Тој бил на возраст од околу 30 години, висок околу 1,85 метри и бил облечен во темна блуза со качулка.
Полициски извори информираа дека истрага за случајот „се води и во странство”, без да посочат конкретна држав
Comments are closed for this post.