Во Белград се одржа премиера на филмот „Балканска меѓа“ кој сигурно ќе ги разбранува духовите на Балканот. Станува збор за настан од 1999 година, непосредно по НАТО бомбардирњето. Филмот е руско-српска копродукција во која во главна улога нстапува еден од најпознатите српски глумци Милош Биковиќ.

Дејството во филмот се одвива во 1999 година, непосредно по бомбардирањето на НАТО.Отако во Куманово е потпишан договор помеѓу тогашна Сојузна Република Југославија и НАТО за влез на војници на Алијансата на Косово, едницица на руската војска која се наоѓа во Босна и Херцеговина да пристигне во Приштина пред да дојдат војниците од НАТО.

Десантската едниница преку Србија влегува на Косово и го зазема аеродромот Слатина. Во меѓувреме преку Македонија војници на НАТО влегуваат на Косово и тргнуваат кон аеродромот на кој веќе се стационирани Русите. Настанува тензична атмосфера на раб на конфликт но на крајот сепак Русите се повлекуваат од територијата на Косово.