За бурната биографија на Жељко Ражнатовиќ Аркан се знае многу, но оваа слика од поранешниот командант на Српската доброволна гарда се уште не е видена во јавноста.

Создаден е во време кога имал само 20 години и кога со големи чекори го освојувал југословенското и европското подземје.

За оваа слика тој „позираше“ во полициската станица во Милано, каде што против него беа „преземени мерки“ за грабеж на банка, а со лажен идентитет е уапсен како Марио Валентино од сицилијанскиот град Палермо.