Владата на Албанија се изјасни против одлуката на властите во Косово да ги зголемат за 100 проценти таксите за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина.
Како што јави приштинскиот весник „Коха диторе“, албанскиот министер за финансии, Арбен Ахметај смета дека таа одлука не е добра ниту за Приштина, ниту за Белград, и дека треба да биде одложена.
Ахметај ја советува Приштина да не презема такви мерки против која било држава, бидејќи наметнувањето високи тарифи е штетно за граѓаните.
Таквата одлука, се разбира, ќе биде од корист за развојот на косовската економија и би ги отворило вратите за проширување на косовскиот пазар, но сега не е време за тоа – рече албанскиот министер за финансии.
Comments are closed for this post.