Министерката за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку е позитивна на Ковид-19. Веста ја соопшти Минстерството, според кое здравствената состојба на министерката е стабилна, со лесни симптоми на болеста.
Ова е прв случај на заразен член од кабинетот на премиерот Еди Рама. Тој деновиве заедно со минстерката Балуку беше во обиколка на неколку инфраструктурни проекти кои се во тек.
За разлика од Владата, во албанскот законодавен дом, до сега позитивни на Ковид-19 беа четворица пратеници, кои се излекувани.
Во Албанија вчера е регистриран нов негативен рекорд. Од 1.378 направени тестови позитивен резултат е добиен кај 311 лица или 22,2 отсто од тестираните.
Од почетокот на пандемијата до вчера се направени 121.004 тестови, позитивен резултат е добиен кај 20.040, оздравеле 10.893, починале 493, додека активни на болеста се 8.654 лица, од нив 289 се хоспитализирани во двете ковид болници.
Comments are closed for this post.