Амбасадорката на Албанија во Грција, Ардиана Хобдари и генералниот конзул во Јанина, Первин Ѓикуриа денес се сменети од нивните функции, објавија албански медиуми.
Според медиумските информации, одлуката за нивно сменување ја донел министерот за Европа и европски прашања, Гент Цакај.
Хобдари била вклучена во аферата со изгубените 100 пасоши и лични карти на албански имигранти во Грција. Исто така, нејзиното име е поврзано со сомневање за потрошени милиони евра за реконструкција на амбасадата.
Дополнително се истражува случај со нејзината скапа куќа во Атина.
Comments are closed for this post.