Албанија е пред Сирија по доставени барања за азил, според бројот на жители, бидејќи за азил аплицирале 29 Сиријци на секои 100.000 жители, наспроти во просек 55 Албанци кои ја напуштиле земјата во првите шест месеци од годинава, констатира весникот Монитор.

Ваквиот податок весникот го  поткрепува со фактот дека во првите шест месеци од оваа година, Албанија е прва земја во светот според поднесени барања за азил во една од земјите на Европската унија, во однос на населението.

Во првите шест месеци од годинава, во просек 55 Албанци на секои 100.000 жители ја напуштиле земјата. Ова е највисок број во однос на земјите што се рангирани на првото место со апсолутна вредност за апликациите за азил, но секако и во однос на земјите од Западен Балкан, наведува Монитор.

Желбата на Албанците да заминат од земјата е толку голема што ги помина и земјите што се во војна или во длабок граѓански конфликт. За споредба, Албанија е дури пред Сирија по доставени барања за азил, според бројот на жители, бидејќи за азил аплицирале 29 Сиријци на секои 100.000 жители.

– На трето место е Грузија со 15 барања за азил, на четворото е Венецуела, додека на петто Авганистан со 10 апликации. На шестото место, во однос на бројот на населението е Косово, со девет апликации, додека зад Косово е Северна Македонија со седум барања за азил на 100.000 жители, пишува Монитор.

Весникот и со податок дека во периодот јануари – јули за азил, во некоја од земјите членки на ЕУ аплицирале 14.000 албански граѓани, што е за 24 отсто повеќе споредно со истиот период лани. При тоа околу 90 отсто од апликациите се за првпат, додека „има и такви кои не се откажуваат од намерата и се обидуваат повторно да ја испробаат среќата“.

– Најмалку по околу 2.000 лица месечно ја напуштиле земјата во седумте месеци од оваа година. Ова е само бројката што се регистрира, бидејќи има многу други кои избираат тивко да заминат, не аплицирајќи за азил и не кажуваат дека немаат намера да се вратат. Тука секако не се оние кои со обезбедена работа и дозвола за престој замнале во земјите на ЕУ, го завршува Монитор освртот за се поголемот број албански граѓани кои ја напуштаат земјат