Бранимир Несторовиќ, еден од најпознатите српски доктори, е убеден дека корона вирусот во Србија бил присутен уште во јануари но оти не може да се утврди кој е преносителот.

Јас сум убеден во тоа. Во јануари имаше празници и голем проток на луѓе. Во тој период имаше голем број на тешки пневмоии. Проблемот со короната е што се преклопува и со грипот. Во Ниш имаше пациент кој беше позитивен и на грип и на корона-открива докторот.