Почетокот на летната сезона е многу близу, па затоа грчките сообраќајни служби излегоа со потсетување за казните кои ќе ги платите ако не се придружувате кон правилата.

Внимавајте ако направите прекршок и не ја платите казната може да не ве пуштат да ја напуштите земјата бидејќи системот за казни е мрежен на граничните премини.

Казни има буквално за се, од зборување на мобилен, неврзување на појас,фрлање на цигара од прозор, како и за возење на лентата која служи за застанување.

Погрешното паркирње ќе ве чини од 40 до 80 евра, пречекорувањето на брзината од 40 до 750 евра, а возењето во папучи 50 евра. Затоа пред тргнување облечете си патики.