Националниот координатор против насилен екстремизам, Агрон Сојати, за тиранската телевизија Топ ченел изјави дека е скениран идентитетот на сите албански државјани кои пред неколку години заминале за Сирија и оти се очекува да се вратат.

Според информациите 143 албански граѓани се приклучија на борбите во конфликтните области, вклучително и жени и деца, со сооднос од 80 возрасни мажи способни да учествуваат во терористички структури што веќе ги знаеме. Се вратиле назад во земјава 45 додека 26 се убиени. Останатите се очекува да бидат на агендата за враќање, рече Сојати.

Додаде дека официјалните податоци покажуваат дека во Сирија моментно има 73 албански државјани, меѓу кои 30 деца и 20 жени.

Верувам дека сме на агендата за нивно враќање, но сепак велиме дека има фази кога ни се губи сигналот затоа што зборуваме за области кои не само што се географски оддалечени, туку дека ни е потребна помош од партнерите во олеснување на постапката. Ова го прави невозможно да се постават фиксни рокови. Но, она што е важно е дека сите луѓе што се таму се евидентирани, вели Сојати.

Неодамна судот во Тирана осуди девет лица за тероризам и регрутирање албански граѓани во ИСИС.