Европскиот комесар Јоханес Хан денеска ги повика лидерите во БиХ брзо да формираат власт заради продолжување на реформите во земјата.
„Повторно ги повикав лидерите брзо да формираат власт за да продолжат со спроведување на реформите во интерес на граѓаните”, напиша Хан на Твитер по средбата со членовите на Претседателството на БиХ во состав Милорад Додик, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.
At the meeting with #BiH #Presidency I urged leaders again to form governments quickly in order to resume implementation of #reforms in the interest of the citizens. pic.twitter.com/Yz11XYaqRQ
— Johannes Hahn (@JHahnEU) March 28, 2019
Во текот на денот Хан имаше средба со 16 политички субјекти во Сараево, а со функционерите од БиХ разговараше за реформите и процесот на европски интеграции.
Од Сараево, Хан вечерва ќе отпатува во дводневна посета на Србија, каде ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
Comments are closed for this post.