Европската интеграција на Србија ја поддржуват 55 проценти од граѓаните на оваа земја. 75 % пак од граѓаните го поддржува реформскиот процес без разлика на европските интеграции. Вакви податоци добило од анкетите српското министерство за европски интеграции.

Министерката Јадранка Јоксимовиќ вели дека околу интеграцијата на Србија во ЕУ процентот е стабилен  додека за реформскиот процес се бележи раст од 7 проценти во однос на претходното истражување.

64 проценти од граѓаните сметаат дека прашањето за Косово треба да се решава без разлика дали тоа го бара ЕУ или не.