11 Октомври е денот кога се потсетуваме на идеите и храброста на сите кои се жртвуваа за слободна и суверена Македонија, напиша на Фејсбук вицпремиерот Александар Николоски.

Нивната жртва е наша вечна обврска да ја чуваме слободата и да ја градиме и развиваме Македонија.Денеска се бориме за подобар животен стандард, за повеќе работни места, за просперитет, за сигурна и стабилна иднина на сите наши генерации.

Слава на сите борци за слободна Македонија!