Потпретседателот на владата Арбен Фетаи поднесе оставка на функцијата во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, дознава Телма. Фетаи претходно повеќе од два и пол месеци не доаѓаше на работното место во владата во која ја извршуваше функцијата вицепремиер за добро владеење.
Од прес службата на владата за Телма потврдија дека во текот на денешниот ден е доставена оставката на Фетаи, а портпаролката на владата Марија Митева најави дека на првата следна седница таа ќе биде констатирана.
Извор Телма







Comments are closed for this post.