Венко филипче, исто како и Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без гаранции се прифатливи и дека нема причина за загриженост. Заев користеше идентична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо ветениот напредок од страна на СДС, Македонија се соочи со нови блокади, нови вета и дополнителни условувања од Франција и Бугарија.Филипче нема прецизни ставови за тоа како би се спречиле идни блокади и вета, ниту како би се обезбедила сигурност дека државата нема повторно да се соочи со нови блокади.

Уставните измени за промена на името беа последните што ги спроведоа СДС и ДУИ, а денес Филипче се обидува да го наметне истото сценарио.

Членството во ЕУ останува стратешка цел, но тоа не смее да биде оправдување за прифаќање нови отстапки без јасен исход и без заштита на националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повторно СДС и Венко Филипче да ја газат волјата на граѓаните. Националните интереси мора да бидат заштитени и секој следен чекор на евроинтегративниот пат треба да биде заснован на јасни гаранции.

Наместо да извлече поука од претходните искуства, Филипче денес ги повторува истите аргументи и ја застапува истата политика на СДС на отстапки без гаранции.Тој работи на исполнување на туѓи агенди и се додворува на Бугарија за да дојде на власт, вели дека веднаш би ги спровел уставните измени.

Македонија заслужува достоинствен европски пат без нови условувања и отстапки. Граѓаните заслужуваат одговорна политика која ќе ги брани државните позиции и ќе обезбеди сигурна иднина.

А СДС ја доведе земјата во ситуација да го промени државното име, тоа што го ветуваа за влез во ЕУ не се случи, и само ја доведоа Македонија да биде мета на идни билатерални спорови, да биде ветоизирана и во позиција на блокирана преговарачка рамка.