Тевдовски ќе работи околу мене, како советник“, рече премиерот Зоран Заев кој денеска ја објави владината реконструкција и информираше дека тој ќе биде и премиер и министер за финансии.
Дали одлуката Тевдовски да си оди од министерската функција ја донесе премиерот Заев или тоа е лично барање на Тевдовски? Заев не откри која е конкретно причината за оваа одлука само потенцираше:
Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. “
Инаку неодамна Тевдовски во интервју за порталот „Мајка и дете“, посочи дека семејството од него бара да го напушти местото министер за финансии и да се врати на претходното работно место, како професор на факултет.
Ваквата изјава на Тевдовски дојде во краток временски период по најавата на премиерот Зоран Заев за реконструкција на владиниот кабинет по претседателските избори.
Опозицијата често го критикуваше Тевдовски дека безмилосно ја задолжува државата и поради воведувањето на прогресивниот данок. ВМРО-ДПМНЕ поднесе и интерпелација за Тевдовски. Тој беше под силни критики за прогресивното одданочување и на економистите, но и на социјалните медиуми.
Тевдовски честопати во своите обраќања ја споменуваше Данска и ја споредуваше со Македонија. Кога го бранеше воведувањето на прогресивниот данок, велеше дека и во Данска има таква мерка. Ветуваше дека до крајот на мандатот на оваа Влада, Македонија ќе има завршна сметка како Данска.
Минатиот месец оствака си поднесе советникот на Тевдовски, Бранимир Јовановиќ. Кога ја објави оставката појасни дека се работи за одлука која ја донел уште пред изборите и истата тврдеше дека не е дел од „метлата“ која ја најави премиерот Заев.
Тевдовски во политиката е долго време, како еден од истурените играчи на СДСМ.
Comments are closed for this post.