Франческа Бинда претседателка на „Бинда Консалтинг“, нагласува дека новинарите се навикнати се уште на жените политичарки да им поставуваат прашања што никогаш не би ги поставиле на нивни машки колеги.

Ова беше поставено како прашање на Тркалезната маса „Како медиумски се покриваат политичарките и како да го елиминираме говорот на омраза упатен кон жените во политиката?“ во организација на Националниот демократски институт

– Колку пати маж политичар бил прашан „како го балансирате работниот живот во политиката со семејството“. Можеби треба да почнеме да ги прашуваме мажите, бидејќи кога зборуваме за родова еднаквост, исто така треба да имаме предвид и работни места што се добри за семејствата, за да можат и татковците да одат на боледување кога детето им е болно. Да бидеме сигурни кога зборуваме за родовата еднаквост, да размислуваме и за примерите што ги градиме за мажите како ги покриваме мажите во однос на жените, рече Бринда.