Одреден е 30-дневен притвор за бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец, второосомничен за изнуда на поари, во истрагата што денеска ја отвори Обвинителството. Информацијата за ТВ21 ја потврди Садуш Арифи, заменик-директор на затворот „Скопје“ во Шутка.
Како што информираат од истражниот затвор, Кичеец веќе е донесен со полициска придружба.
Во Кривичниот суд се уште трае распитот на првоосомничениот, Бојан Јовановски.
Comments are closed for this post.