Премиерот Зоран Заев е дистанциран од јавноста од завршувањето на локалните избори. По дебаклот кој го доживеа тој најави оставка и на премиерската и на лидерската позиција во СДСМ но остана на тоа.

Заев никаде го нема.Се појави само на кратко по завршувањето на партискиот состанок во СДСМ каде неговите го „замолиле“ да ги одложи оставките на неодредено време. Во меѓувреме се случи онаа циркуска претстава со седницата на која требаше да се гласа за недоверба на неговата влада која не се случи поради тоа што пратеникот на Беса Кастриот Реџепи реши самиот да се „киднапира“.

Откако Заев успеа да се спаси, повторно се повлече во илегала.Одвреме-навреме излегува со изјава во провладините медиуми или на Фејсбук честита успех на „нашата репрезентација“ без да изусти Македонија.

Кога Заев ќе излезе од илегала зависи од тоа дали ќе успее пазарот со Алтернатива која покажува симпатии да влезе во влада со ДУИ и СДСМ откако стана јасно дека Беса ќе биде опозиција.