Додека јавноста е згрозена од последниот од безбројните скандали кои ја тресат владата, од таму продолжуваат со скапата кампања „Ние сме Европа“. Комбиња од караванот денеска заминаа за Битола каде вечерва во Центарот за култура ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“.

Кампањата „Ние сме Европа“ почна со трибина во Скопје, продолжи во Струмица, а по вечерашната во Битола, трибини во наредните денови ќе има и во Прилеп, Охрид, Штип, Тетово и Куманово.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Cеверна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права итн, велат од СЕП.

Тоа што се одлучија европските пари да ги трошат за кампања „Ние сме Европа“ покажаа дека во Македонија навистина имаат сериозни проблеми па сега им требаат европските средства и пари за да го билдаат својот углед. Погледнете ги објавите на Бојан Маричиќ кој себе промоцијата ја плаќа со пари од Европската Унија, еден дел од постовите се спонзорирани од европски пари. Најмалку што можат да направат парите за таа кампања и парите за Фејсбук рекламите на Бојан Маричиќ да завршат кај жртвите на луѓето од Онкологија, кај луѓето кои зеле кредити и се задолжиле за да ги лекуваат своите најблиски. Најмалку што треба да направи Бојан Маричиќ е веднаш да се откаже од таа кампања затоа што со вакво здравство, скандали не си Европа“, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.